0 коментари 1 мин. читање

Пристап до сите омилени веб страни од сите прелистувачи со BookmarksView

BookmarksView е рeлативно нова алатка на одамна докажаното студио – NirSoft. Се работи за апликација која ви дозволува да добиете пристап и да управувате со сите ваши омилени страни до сите ваши прелистувачи, сè од едно место!

BookmarksView целосно ги поддржува сите прелистувачи кои се засновани на Chromium и ќе дозволи екстракција на омилени страни од Chrome, Edge и Brave. Нема да налетате на проблеми и доколку сакате да ги извлечете омилените страни и од Firefox.

Web Browser Bookmarks Viewer

Омилените страни можете да ги подредувате според име, датумот кога се сочувани, прелистувачот од кој се извлечени и многу повеќе. Особено нѝ се допадна тоа што може за секоја омилена страна да се генерира QR код. На овој начин, значително полесно можете да ги отворите страните на телефон или таблет.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top