0 коментари 3 мин. читање 23 јуни, 2021

Европа претстави план за тим за брзи интервенции во случај на сајбер-напади

За справување со зголемениот број напади Европската Унија претстави законска рамка со која ќе се основа заеднички тим за брза одбрана од сајбер напади. Оваа година помеѓу жртвите на напади беа: Европската агенција за медицина, неколку полски политичари, и болници во Ирска и Франција.

Тимот ќе се справува со нападите во реално време, и ќе овозможи кога некоја членка, систем или компанија се под напад да ја контактираат агенцијата која ќе се вклучи во одбраната.

„Заедничката сајбер единица (Joint Cyber Unit) која ја предлагаме денес има за цел да ги доближи и спои ресурсите и експертизата кои се достапни во ЕУ и во државите членки, за ефективно спречување, одвраќање и одговор на масовни сајбер инциденти и кризи. Пречесто заедниците за сајбер безбедност, вклучувајќи ги: цивилните агенции, агенциите за спроведување на законот, дипломатските, агенциите за сајбер одбрана и партнерите од приватниот сектор работат одделено. Со Заедничката сајбер единица, ќе имаат виртуелна и физичка платформа за соработка. Релевантни институции, тела и агенции на ЕУ заедно со земјите-членки ќе изградат европска платформа за солидарност и помош за справување со големи сајбер напади.“

Планот e опширен и ќе биде основа за споделување на ресурси и координација за полиција за сајбер-криминал, сајбер-агенции, дипломати, претставници на војската и компании за сајбер-безбедност.

Креирањето на заеднички тим за одбрана од сајбер напади е планирано уште во 2019 година. Поради тоа што надлежностите за сајбер одбрана како дел од националната безбедност се кај државите членки, реализацијата беше покомплицирана.

Новата агенција ќе овозможи здружување на ресурсите и нивно користење кога ќе биде најпотребно, но и координација помеѓу националните тимови.

Ако сè се одвива според планот агенцијата ќе биде оформена и ќе започне да функционира во 2022. Комплетирањето на агенцијата ќе заврши пред јуни 2023 година.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top