Пред само некоку години Сајтот на скопската автобуска станица беше убедливо најлошиот .мк сај. Не беше проблемот што беше лошо дизајниран, има и полоши сајтови, туку што SAS.com.mk е сајт на компанија која услужува илјадници македонски и странски граѓани дневно и како таков треба да биде лесен за користење и информативен.
Најлошиот сајт во 2011-та беше променет со нова верзија која исто така не беше доволно добра, иако беше достапна на тајвански, латвиски и еден куп јазици, вклучувајќи го и свахили. Сега – конечно! – SAS.com.mk доби редизајн со кој може да се гордее. SAS.com.mk сега наликува на вистински сајт на кој може лесно да се најдат информации за автобуските линии, времето и билетите. Интересно, најавено е и дека ќе има електронско купување на билети, но тој сервис се уште е во изработка.
ШОКАНТНО: САС со нова веб-страна http://t.co/jVOt0skr4x #СкопјеАвтобускаСтаница
— Bobi (@twibi) February 21, 2014
Еволуција на sas.com.mk



Коментари
13 коментари
Коментарите се затворени.