0 коментари 2 мин. читање 17 февруари, 2014

Google го купи SlickLogin за да го користите звукот како лозинка

Тимот на израелскиот стартапот SlickLogin наскоро ќе се префрли во Google, каде ќе продолжат со усовршување на својата технологија која го користи звукот како лозинка. SlickLogin го користи звучниот бран, пренесен преку звучниците на компјутерот до апликација на паметен телефон, за да го потврди идентитетот на корисникот. Апликацијата го анализира звукот и потоа го враќа сигналот за да го одобри логирањето.

Иако Google не открива зошто точно ќе ја користи технологијата на SlickLogin, ниту пак откри за колку пари ја купуваат компанијата, сепак очигледно е дека наскоро ќе го користиме звукот да се логираме на Gmail или други сервиси на Google. Според изјавата на SlickLogin дека Google е „првата компанија која понуди дво-степена верификација и тие работат на добри идеи како да го направат Интернетот уште побезбеден“, тогаш може да заклучиме дека ваквото потврдување на идентитетот преку звук може да се искористи како дополнителен безбедносен чекор. Со аквизацијата, Google ќе може да го подобри Android и да ги стигне конкурентите кои објавија слични технологии за идентификација. Apple веќе претстави iPhone 5S кој се отклучува со отисок од прст, односно Samsung најави дека Galaxy S5 уредите ќе се отклучуваат со скенирање на ирисот.

[youtube]cFFAu00mJmc[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top