0 коментари 1 мин. читање

T-Mobile воведе 3G технологија

Интернет на мобилен со брзина од 7,2 Mbps, видео повици за иста цена како и телефонскитe, oва е најновата понуда на T-Mobile за корисниците во Македонија. Се што ви е потребно е мобилен телефон кој подржува 3G технологија, а такви телефони се iPhone, BlackBerry, Nokia N95, Samsung F480, I900, Sony Ericsson C902 …

Како предуслов за пристап на 3G можностите е да се наоѓате во 3G мрежно покривања, кое за почеток ќе биде во поголемите градови: Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Велес, Куманово, Штип и Струмица, а подоцна мрежата ќе се прошири и во Кочани, Кичево и Кавадарци и во останата Македонија.

Ова е одлично нешто за Македонија, но проблемот е несоодветната конкуренција на пазарот. Пример, за да се оствари видео повик, покрај техничките причини како корисникот кој го повикувате да има 3G телефон и да е во 3G мрежата, еден од предусловите или ограничување е тој кого ќе повикувате да е корисник на T-Mobile. Ова е дефинитивно нефер за корисниците, но сепак ова е реалноста во Македонија. Исто и Cosmofon, конкурентите на Т-Мобиле, го нудат истото – видео повици само кон нивните корисници.

Друг проблем е што цените кон корисници од други мрежи се многу поскапи од тие кон сопствената. Цените за услугите на T-mobile треба да бидат објавени на нивната официјална страна.

 

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top