AH521 – USB за бизнис потреби

Avatar img-thumbnail img-circle

во Рецензии

{mosimage}Apacer неодамна го претстави новиот USB модел, Handy Steno AH521, кој со својот дизајн и перформанси е наменет да ги задоволи потребите на бизнис корисниците. Достапен во капацитет од 4, 8 и 16 гигабајти, AH521 исто така нуди и софтвер за компресирање на податоците – дури и до 67% за PDF фајлови, и 84% за JPG, со што дополнително се зголемува практичната употреба на овој USB 2.0 стик.

Тежок само 18 грама, AH521 има димензии од 59.1 х 21 х 7.2 милиметри што е доста солидно споредено со другите USB-а од оваа категорија.

{mosimage}

Стикот е изработен од тврда пластика во црна боја, а страните се прикриени со метални делови. При вчитување/впишување на дата, се пали и плава LED диода во средината на телото.

Моделот кој ние го тестиравме, AH521 од 4 ГБ, се покажа како доста издржлив благодарение на металните завршетоци, значајна улога игра и заштитната опција да го повлечете самото USB внатре во телото, што претставува одлична можност кај USB стикови со цел да се заштитат од изместување или друг вид оштетување.

Брзината на читање на информации се врши со брзина од 17 мегабајти во секунда, односно 6 мб/с впишување. А AH521 според произведувачот работи на повеќето оперативни системи, односно Windows 98/ME/XP/2000/Vista, Mac Os 8.6+ и Linux 2.4.0+.

HandySteno AH521 доаѓа и со веќе инсталиран Apacer Compression Explorer софтвер, кој во некои случаи дозволува да складирате и 5 пати повеќе податоци од нормалното. Табелата за компресирање на фајлови, тестирана на оперативен систем Windows 2000 SP 4 на Intel Pentium 4 од 2.8 GHz со 512 МБ РАМ, изгледа вака:

{mosimage}

Се на сé, AH521, особено моделот од 8 и 16 гигабајти претставува солиден избор за сите бизнис корисници на кои им е потребен USB стик кој нуди брзо читање и впишување на податоци, поголем простор (благодарение на софтверот за компресирање на фајлови) и издржлив и компактен дизајн.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk