0 коментари 1 мин. читање

Twitter.com доби разубавени профили за да наликуваат на мобилната верзија

Twitter.com доби нов дизајн кој треба да ги унифицира двете верзии, и мобилната и десктоп верзијата. Промените не се големи, нема некоја нова функционалност – затоа и најавата за редизајнот е само преку твит – туку има естетско редизајнирање на профилите, што може само да им го олесни користењето на корисниците кои ги следат информациите преку официјалната страница. Најголемата новина е горниот тулбар и левите менија кои сега се со иста боја како и фидот на твитови, оградени од бојата на позадината, што е налик на мобилните верзии за Android и iOS. Новиот дизајн е веќе достапен за некои корисници, за другите ќе биде наскоро.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top