Иако iPhone е одличен уред за снимање на HD видео, сепак најголемата аматерска грешка што ја прават корисниците е што снимаат видео додека го држат телефонот вертикално. Ваквото видео кога ќе го отворите подоцна преку телефон или ќе го закачите на YouTube ќе биде со црна позадина од 2/3 од екранот, или на кратко ќе биде бескорисно.
Затоа, за да бидете малку подобри во снимањето, ќе потрошите 1 долар на Horizon за iOS, која е апликација што снима само во landscape мод, односно хоризонтално, без разлика како го држите телефонот. Ако снимате вертикално Horizon прикажува површина која ќе ја сними, и кога ќе сакате да го завртите телефонот, благодарение на жироскопот во iPhone, сликата нема да се искриви, туку ќе продолжи со поширок кадар.
[youtube]roag3p3g1r4[/youtube]