{mosimage}Владата на Република Македонија на својот официјален сајт објави дека американскиот гигант во информатичката технологија Intel ќе инвестира во образованието во Македонија, за што вчера во Сан Франциско Владата на Република Македонија и компанијата потпишале Меморандум за разбирање.
“Со овој Меморандум треба да имаме поддршка од Intel со одредени инвестиции во образованието”, изјави премиерот Груевски по потпишувањето на документот со претседателот на Управниот одбор на Intel.
Покрај условите за инвестирање во ИТ во Македонија, на раководството на Intel, како што пишува на владиниот сајт, му биле претставени ИТ проектите од образованието и дека ќе се отвара нов информатички универзитет во октомври 2009.
{mosimage}
“Сите овие инвестиции во образованието упатуваат на тоа дека големите мултинационални компании, особено оние од ИТ бизнисот, можат во иднина да сметаат на Македонија како одлична дестинација за правење бизнис.” рече премиерот Груевски потенцирајќи ја потребата од стручен ИТ кадар.
Владиното „road show“ продолжува со програмата. Синоќа во Силиконската Долина, центарот на светската ИТ, се одржи бизнис форумот "Македонија – земја на ИТ експерти", на која се презентирани економските политики во Македонија со фокус на реформите за унапредување на информатичкото општество и образованието.
Меѓу главните презентери на форумот ќе бидат и амбасадорот Рикер, главниот економист во Светската банка Симеон Џанков, претседателот на канадското сателитско радио и ко-основач на "Dave Wireless", како и член на Бордот на "Македонија 2025" Џон Битов, професорот од Универзитетот "Џорџ Вашингтон" Питер Бок, како и главниот извршен директор на "eBank", Том Маркел.