{mosimage}На вчерашната прес конференција во Скопје, македонската компанија ИНет која се занимава со дистрибуција и имплементација на компјутерска, мрежна и комуникациска опрема, ја најави својата промоција во официјален дистрибутер на софтверски решенија на IBM. Исто така беше најавена и инвестицијата од страна на фондот SIF во компанијата.
"ИНет го започна стратешкото партнерство со IBM на полето на дистрибуција на хардвер уште во 1998 година. Успешната 10-годишна соработка придонесе ИНет уште повеќе да се фокусира на поширокото портфолио на IBM продукти и услуги и последен резултат е почеток со дистрибуција со дополнителна вредност на IBM софтверските продукти." – изјави Тони Петрески, директорот на ИНет во официјалното соопштение за јавност.
Петрески додаде и дека во блиска иднина можеме да очекуваме компанијата да понуди и соодветни обуки за разновидни IBM решенија. Засега на ова поле, ИНет е авторизиран тренинг партнер за Red Hat.
{mosimage}
Свое излагање на прес конференцијата имаа и Горан Бабиќ – претставник на IBM за Македонија, Кевин Редмонд – менаџер за партнери на IBM Software Group, како и Оливер Костуранов од фондот SIF.
Официјалниот статус на ИНет во ова оформено партнерство е дистрибутер со дополнителна вредност, и конкретно се однесува на IBM Workstation софтверот. Од порано, ИНет е дистрибутер на хардвер од IBM.
Што се однесува пак до инвестицијата од страна на фондот SIF, кој е дел од глобалната инвестициска фирма SEAF, во соопштението за јавност не беше прецизирано за колкава инвестиција се работи, но беше посочено дека станува збор за инвестиција на подолг временски период чија примарна цел ќе биде докапитализација на компанијата и имплементација на SAP ERP (Enterprise resource planning) во компанијата.






