0 коментари 3 мин. читање

Борба против корупција со е-влада

{mosimage}Опишувајќи ја Македонија како мала и сиромашна земја, новинарот David Perera во текстот „Fighting corruption so e-government” објавен во International Herald Tribune (IHT) на 2 ноември, пишува како Македонија ја користи технологијата да се бори против корупцијата и како со неа се подобруваат можностите за повисок стандард на живеење.

Текстот започнува со пример како со помош на електронски лиценци за камионџиите се намалила корупцијата. „Годишната дозвола за трговија преку оваа Балканска земја и Грчка ги чинеше македонските камионџии по 2.500 евра за поткуп по возило.

Но сево ова се смени, кога Министерството за транспорт и врски воведе компјутерски систем што електронски издава дозволи. Сега камионџиите плаѓаат само по 100 евра… дво-неделниот период за издавање на дозволите заврши без бесни камионџии..“

Понатаму се зборува за проектот „Е-влада“ кој се работи од Американската агенција за интернационален развој со буџет од 3.7 милиони евра за 5 години и Македонската влада со допринос од 1 милион евра.

„Ова е земја вљубена во потенцијалот на информатичката и комуникациската технологија“ вели Marsha Wong, дирекотор за економски развој на USAID во Македонија.

{mosimage}

„USAID се во Македонија од 1993, кога Обиденетите Нации го препознаа одделувањето од Југославија. Од тогаш се обидуваат да ја престават Македонија како пример
за развој на е-влада“
рече госп. Wong за IHT.

Се спомнува и за планот на новото Министерство за информатичка технологија да се потрошат околу 2.5 милиони евра за е-влада проекти.

„Ќе го смени општеството“ рече Иво Ивановски, назначен во Јули како министер. „Каде и да има човечки фактор кој треба да одлучува нешто, таму има потенцијал за корупција. Па, да го елиминираме човечкиот фактор“

Еден предизвик е ограничениот пристап на комуникациската технологија. Само 29 проценти од Македонската популација е конектирана на интернетот од дома, според владините статистики.

Навраќајќи се кон примерот со камионџиите, во текстот пишува за системот за дозволи кој им дава самодоверба на Македонските камионџии да ја подобрат својата „флота“ со нови возила годишно.

Билјана Муратовска, генерален секретар на Макамтранс, организација која ги преставува транспортните компании, помогна да се организираат камионџиските протести да се убеди владата да истражи за корупцијата. Но таа првин била скептична за планот да се компјутеризира системот за апликации.

Сопствениците на возилото имаа малку знаење како да се користи факс машина а не пак компјутер… Денес таа е ентузијаст. Макамтранс овозможува компјутери за членовите и потикнувајќи ги, тие научија да ги користат.

Како друг успех се споменува проектот за барање работа за државен службеник. Тој систем се воведе во 2005 и од тогаш дури 95% од кандидатите го користат онлајн сервисот.

Пред воведување на онлајн системот во декември 2005 аплицирањето за државна работа беше споро и нетранспарентно, каде кандидатите понекогаш се вработуваа според партиска книшка.

…потенцијал за вработување неквалитетни луѓе се намали со компјутеризираното тестирање на кандидатите. По закон, министерствата може да вработат само од 5 најдобро бодираните од тестовите.

Текстот завршува со изјава на Александар Угриновски, креаторот на системот за државни службеници.

„Инжинер по струка, Угриноски е поголем оптимист од другите да тражи технолошки решенија. Скептиците навистина му рекле дека нема да работи во Македонија, аргумент кој тој денес го отфрла.

Историјата ни покажа дека ако има сервис кој е добро дизајниран и користен за граѓаните – тие ќе најдат начин како да научат да користат технологија“ рече г-дин. Угриновски за International Herald Tribune."

Оригиналниот текст тука.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top