0 коментари 1 мин. читање 11 декември, 2013

Dell го претстави својот прв Chromebook наменет за студентите

Chromebook 11 е првиот компјутер на Dell кој ќе работи на оперативниот систем на Google, Chrome OS. Лаптопот е 11,6 инчен, тежи 1,3 килограми и има 1,4 GHz Celeron процесор, 16 GB диск, 4 GB RAM и батерија која држи 10 часа. Иако хардверот е слаб, Chromebook-овите сепак се наменети да бидат алатка преку која ќе се користат веб апликации, за кои е потребна подобра интернет конекција отколку хардвер.

Уредот е пред се наменет за студентите и за едукативни цели, и затоа од јануари ќе биде достапен за околу 300 долари. Dell, кој продава и Androd таблет компјутери, најави дека ќе следат уште Chrome OS лаптопи за евтина цена наменети за бизнисите.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top