Се што треба да знаете за да стримате видео игри на Twitch.tv

5 коментари 2 мин. читање

Иднината на гејмингот е во стримањето и се поголем број од играчите ги користат апликациите кои овозможуваат споделување на играњето. Најголема платформа, барем засега, која овозможува лесно стримање, дури и преку копче на поновите конзоли како Xbox One и Playstation 4, и која нуди одлична дистрибуција на стримот кон поголема публика е Twitch TV.

За да стримате на Twitch TV првин ќе ви треба да направите профил, иако лесно може да се логирате и преку Facebook. Второто е одлично решение бидејќи несомнено ќе сакате да ги поврзете двете мрежи, за да привлечете публика кон стримот, па зошто да не го направите тоа од самиот старт. Но, доколку сакате може видеата да ги направите да бидат и приватни или достапни само на одредени пријатели. Платформата овозможува и да се поврзете со Twitter и YouТube профилите, па ќе може да ги најавувате сесиите преку Twitter и да ги споделувате видеата на YouTube.

Стримањето на Twitch не бара премногу моќен компјутер, но идеално би било ако имате машина со Intel i5 процесор, 6-8 GB RAM и Windows 7, што е препорачан минимум хардвер. Покрај ова не е лошо да имате добра графичка картичка што сепак се однесува единствено на квалитетот на играњето, а со тоа и на видеото, а не и на можноста за стримање.

Twitch TV нема специјално побарување за кој софтвер ќе го користите за стримање. За жал, платформата нема софтвер кој можете да го преземете од нивната страна, но има препораки. Најпопуларните софтвери за стримање е Xsplit, но оваа апликација се плаќа. Бесплатна, и за некои подобра алтернатива, е Open Broadcaster Software. Други алтернативи на софтвер за стримање се Ffsplit и Evolve.

Сите апликации се едноставни за користење, пример бесплатниот OBS веднаш при стартување на апликаците во вoди на главниот екран, по што ја стартувате играта која сакате да ја стримате. Потоа треба да ги изберете апликациите кон кои сакате да стримате. Тоа што е важно е што треба да го погодите и вистинскиот квалитет потребен за стримот. Open Broadcaster Software нуди алатка која ги пресметува параметрите потребни за квалитетен стрим (FPS) во зависност од хардверот и брзината на интернет конекцијата. Последниот избор кој треба да го направите е во Broadcast Settings да го одберете серверот каде ќе го пренесувате стримот. Од Streaming Service листата одберете Twitch/Justin.tv, а потоа треба до го запишете вашиот Twitch Stream Key. Овој клуч ќе го пронајдете на страната на Twitch TV, каде го додавате името на стримот и го променувате статусот од Not Playing во Playing. Подолу е одлучен туторијал како да го сетирате правилно OBS. На крај треба да знаете дека квалитетот на видеото и бројот на прегледи ќе зависат од вашите гејминг вештини.

[youtube]stMBmiEwvYE[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top