0 коментари 1 мин. читање

VSCO CAM е достапна за Android

Претходно достапна само за iOS, популарната и бесплатната VSCO CAM апликација за фотографирање и едитирање на фотографии, сега може да се користи и на Android 4.0 Ice Cream и поновите верзии. Едноставниот, чист и модерен интерфејс ја прави апликацијата далеку позабавна за користење од другите, со моќни алатки за едитирање на фотографиите. Може да ги осветлувате фотографиите, да им го појачувате контрастот, да ставате филтри или да ги ротирате директно преку апликацијата. Aпликацијата има и опција Grid, која доаѓа и на Android верзијата, а која е мини-друштвена мрежа за споделување на фотографии со други корисниците, или пак за едноставно прегледување на фотографии во потрага по инспирација.

Основачот на апликацијата, Џоел Флори, за Verge вели дека Android верзијата била природен следен чекор за развојот на апликацијата, посебно поради фидбекот кој го имале од корисниците. Но, целта им била со Android да го одржат „истото ниво на перфекција“ во алатките за едитирање на фотографии како што го имаат на iOS, без тоа да изледа неприродно или различно од другите апликации за Android.

VSCO Cam® for Android and iOS Available Now from VSCO on Vimeo.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top