3 коментари 1 мин. читање 2 декември, 2013

Општина Центар сега е „бесплатна интернет зона“

Улицата Македонија, од плоштадот Пела до поранешен МкДоналдс, плоштадчето Јадран, кејот 13-ти Ноември покрај ГТЦ до плоштадот Карпошово Востание, па се до спортската сала Градски Парк и некои места во Дебар Маало ќе бидат „бесплатна интернет зона“, вели Општина Центар. Општината стапува во соработка со безжичниот интернет провајдер Sun Wireless кој ќе им обезбеди бесплатен интернет на граѓаните и туристите кои секојдневно се движат низ „хот-спотовите“. Бесплатниот Wi-Fi е достапен од 1-ви декември.

„Воведувањето на бесплатниот безжичен интернет во рамки на општината е чекор напред кон целосна модернизација на истата и ја потврдува отвореноста кон новите технологии со достапноста на безжичниот интернет како за жителите, така и за посетителите на општината“, велат од општината.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
слободан мукаетов
слободан мукаетов
12 years ago

ме интересира дали и кога цела општина ќе биде покриена?

Sime
Sime
12 years ago

Супер идеја, се надевам дека ќе се оствари ама да биде неограничен пристапот со намалена брзина за цимнување на 128 kbps, а не како сега на некои места на SunWireless по 15мин .

@koncadu
12 years ago
Reply to  Sime

Симе, пристапот е неограничен со брзини до 1 Mbps на локациите во Општина Центар. Нема временско ограничување на 15 минути.

Мени
Заедница
Изглед
To top