Турскиот авиопревозник Turkish Airlines ќе се обиде да им помогне на стартапите со тоа што ќе презентира промотивни видеа во бизнис класата на своите летови. Идејата е дел од Invest on board проектот на турскиот стартап акселератор Etohum, јавува Fastcompany.
„Invest on Board им олеснува на инвеститорите со преполн распоред да пронајдат одлични стартапи, додека летаат со Turkish Airlines.“
Идејата е да им се помогне пред се на турските стартапи, но проектот опфаќа и компании базирани надвор од Турција. Промоцијата опфаќа куси видеа под две минути кој патниците во бизнис класата во авионите на Turkish Airlines ќе можат да ги погледаат, а со тоа и да се запознаат со проектите на кои работат компаниите во развој. Во се подинамичното време, мора да се икористат сите можности за промоциа, па дури и летовите можеби ќе запознаат некои донатори да се заинтересираат за помалку познатите стартапи кои сепак имаат добри идеи.
Засега заинтересирани стартапи се страната за е-трговија Dekoreko, платформа за трговија Ganipara и агенција за лични контакти Pembe Panjur .
[youtube]7AhJLEKIN3w[/youtube]
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.