0 коментари 2 мин. читање 11 ноември, 2013

Со новиот Flipboard ќе може да си креирате шопинг каталози

Flipboard за iOS и Android ќе им дозволи на корисниците и на компаниите да креираат шопинг каталози во кои ќе се прикажува цената со линк до сајтот од каде може да се купи продуктот. Каталозите ќе можат да се додадаваат во персонализираните магазини, сите 4,5 милиони кои беа креирани од корисниците откако беше претставен Flipboard 2.0. Но, ако магазините беа наменети за корисниците, каталозите се наменети за бизнисите да привлечат клиенти, односно да и помогнат на апликацијата да започне со е-трговијата.

Штом ќе бидат додадени продуктите, Flipboard вели дека сам ќе ја најде цената и линкот од каде може да се купи, иако ова важи само за партнерите на магазинот. За продукти од трети сајтови корисниците ќе треба самите да ја внеста цената и сликата од продуктот со Flip it букмарклетот. Следниот чекор за Flipboard сигурно ќе биде олеснуање на процесот за купување, бидејќи во моментот ако кликнете на цената на продуктот апликацијата само ве води на сајтот каде може да се купи, односно ќе треба од почеток да ги пополните сите формулари за купување на производот.

[youtube]WeeLmQI5EcM[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top