0 коментари 1 мин. читање

ИТ.еу: Европскиот „Галилео“ наместо GPS

{mosimage} Европската Комисија даде 1 милијарда евра за лансирање на првите 14 „Галилео“ сателити, кои се одговор на американскиот GPS (глобален систем за позиционирање). Милијардата наменета за овој европски проект ќе се распредели на германската OHB System и британската SSTL за градење на сателитите и на француската Arienspace за лансирање на руски Soyuz ракети.

Галилео“ е глобален навигациски сателитски систем кој е проект на EУ и на Европската вселенска агенција (ESA). Проектот е алтернатива на американскиот GPS, односно рускиот GLONASS. „Галилео“ е наменет да обезбеди бесплатна услуга за европските граѓани, така што ќе им овозможи прецизно мапирање на Европа и одредување на локацијата. Втората намена е „Галилео“ да биде сигурна алатка за ЕУ во случај на војна или политички конфликти, односно независен сервис од САД и Русија.

„Со ова и со натамошните награди на останатите пакети, ја привршуваме круцијалната фаза на „Галилео“ програмата. Ние сега ќе можеме да се фокусираме на работата и да им покажеме на европските граѓани дека Европа има свој навигациски систем.“ вели Антонио Тајани, евро-комесар задолжен за транспорт.

„Галилејо“ се очекува да биде достапен во 2014 година, а инжинерите велат дека ќе лоцира со точност до еден метар.

{mosimage}



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top