{mosimage} 3Д наочарите изгледаат откачено и смешно, но заедно со 3Д телевизорите се уредите кои ќе ви направат илузија дека сте во магичните телевизиски светови, а не во дневната соба. Оваа индустрија веќе подолго време се мачи да се пробие до корисниците. Се работи за скапа технологија, за скапи и малку непрактични уреди… и се работи за процес на транзиција од класичните 2Д во 3Д телевизори, процес за кој треба време. Но, можеби 2010 е годината кога нештата ќе се сменат?
3Д технологија е една од големите сензации на овогодинешниов Consumer Electronic Show, CES, огромен ИТ настан за уреди и нови технологии кој се одржува во Лас Вегас.
„Иако на 3Д му требаше неколку години да влезе во кината, сепак верувам дека ова е годината во која 3Д ќе започне да влегува во домовите.“ вели Џефри Катценберг од Dreamworks Animation за BBC. Тој исто така додаде дека во 2010 ќе започне процесот на транзиција во 3Д технологијата.
„Обично треба од 5 до 10 години да се префрлиме од една на друга платформа. За да се префрлиме од аналогна на дигитална телевизија ни требаше скоро 10 години па затоа велам дека ова е годината кога ќе влеземе во домовите во значајна смисла.“ вели г-дин. Катценберг.
{mosimage}
Sony, LG, Samsung, Panasonic, Toshiba… се компании кои на CES ги преставија своите 3Д телевизoри. Sony дури најави и дека до следново лето PlayStation 3 ќе има опција да се надогради со софтвер за 3Д проекции. Panasonic спомена дека ќе објави и 3Д рекордер. На CES се најави дека во 2010 година во САД ќе стартува првиот 3Д телевизиски канали. Panasonic ќе соработува со DirectTV, а Discovery Channel заедно со Sony и IMAX ќе ги донесат првите 3Д канали. Мегахитот Avatar со скоро 1 милијарда долари
заработувачка покажа дека луѓето се заинтересирани за 3Д филмови. Следниот 3Д хит е Alice in Wonderland, а потоа уште многу други. Во 2010 година се очекува 20 од 170 филмови да бидат направени во 3Д.
„3Д не е само за интересните работи кои излегуваат од екран, туку може да донесе цело ново моќно искуство.“ вели Џон Ландау, продуцентот на Avatar.
Верувам дека сите со нетрпение ги очекувате смешните наочари, но за жал во реалноста
3Д телевизорите ќе чинат околу 2-3.000 долари, цена која е футуристичка за просечниот гледач.






