Јорданската кралица на Twitter и YouTube

Сега кралицата Раниа се вклучи и на Twitter @QueenRania. Таа го користи сервисот за микро-блогирање за да ја промовира својата кампања за квалитетно образование насекаде во светот. За неа интернетот е важен за образованието.

„Верувам дека ако сакаме нашите деца да го разберат светот надвор од училниците ние мораме да им го донесеме светот во нивните училници. И учителите се дел од равенката“ вели јорданската кралицата во интервју за Techcrunch.

Интересно е што таа покрај твитањето и коментирањето на Facebook за своите кампањи и цели (очигледно дека има и Facebook нели? :) ) таа постојано твита и за својот приватен живот и секојдневните активности.

Нејзините лични твитови можеби се небитни но имајте на ум дека таа е кралица. Денес, друштвените мрежи овозможија луѓето да комуницираат со тие кои се скоро недостапни. Кога воопшто ќе можете да се сретнете со една кралица и да си размените некој збор? Или пак да прочитате како си поминала со папата Бенедикт на гости? :)

Поентата ми е – ако можеме да зборуваме со кралици зошто да не комуницираме и со политичарите, зошто да не добиеме известување за важни хуманитарни настани, зошто да не се вклучиме и ние – обичните луѓе?

„За кого твитам? За секој кој сака да научи нешто ново и да помогне да направиме разлика“ вели кралицата Раниа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments