{mosimage}Bakasoftware, компанија со интернет протокол адреса во Русија, продава лажен анти-вирус и според весникот International Herald Tribune заработува 5 милиони долари годишно. Програмот кој е наречен Antivirus XP 2009 ги напаѓа само компјутерите кои користат Windows на англиски јазик, доколку е руски самиот програм се прекинува.
Овој вид на софтвер се нарекува „scareware“ поради тоа што ве спамира со заплашувања дека вашиот компјутер има вирус. Шемата е едноставна: програмот се логира на „жртвата“ и постојано прикажува поп-ап прозорчиња со пораки дека компјутерот е инфициран со вирус.
Ако корисникот сака да го исчисти својот компјутер ќе ги даде свотие лични податоци и ќе го купи „анти-вирусот“. Во овој случај тоа чини 30 евра.
{Mosimage}
Лажната компанија ја открил хакер со прекар NeoN кој се логирал на еден од компјутерите за книговодство на Bakasoftware.
Сличен ваков малициозен програм, но не-профитабилен. ја нападна друштвената мрежа Facebook. Програмот, сличен на Koobface црвот кој го нападна Facebook во јуни, сега ги користи Google Reader и Picasa Web.
Шемата е иста како лажниот анти-вирус: на Google Reader и Picasa Web се објавуваат видеа кои доколку сакате да ги гледате ќе мора да симнете додатен програм кој е всушност тројански вирус.
Во вакви ситуации Facebook ги блокира сајтовите со таквата содржина и го спречува ширењето на вирусот, а и самиот тројански вирус не е опасен бидејќи секој легитимен анти-вирус го блокира.