{mosimage}Масивниот мултиплеер на Blizzard изброи 11 милиони играчи. Една од најпопуларните и најуспешните игри, World of Warcraft стана попозната како феномен отколку видео игра. Играта започна во 2004 година кога за само 24 часа успеа да продаде неверојатни 2.4 милиони копии, а вкупно 3.5 милиони во првиот месец.
"Ова е навистина добар начин гејмерите ширум целиот свет да прикажат голема поддршка за World of Warcraft. Ние остануваме целосно посветени во одговарање на тој ентузијазам со високо-квалитетни, константно подобрувани играчки искуства" – изјави Mike Morhaime, извршен директор и ко-создавач на Blizzard.
Играта која стана спорт и опсесија на милиони го држи Гинисовиот рекорд за најпопуларна MMORPG игра. Со самото појавување во 2004 WoW ги збриша сличните на неа и стана тоа што е денес – гигант. Моќта што Blizzard ја доби од WoW не е само популарноста, туку и профитот. Имено секој член на World of Warcraft плаќа месечна претплата од 13 евра за да ја игра играта, а играта чини 25 евра.
11 милиони гејмери е неверојатна бројка, а ако се земе во предвид дека третиот дел Wrath of the Lich King ќе излезе сега во Ноември, најверојатно Blizzard ќе додаде уште неколку милиони.
{mosimage}






