{mosimage}Во просториите на Клубот на Пратеници се одржа јавна дебата за развој на стратегијата за широкопојасен интернет. На јавната дебата учествуваа преставници од Власта, министрите Иво Ивановски и Миле Јанакиевски, како и преставници на операторите кои нудат широкопојасен интернет, како и преставници на други бизнис сектори, блогосфера и медиумите.
„Широкопојасниот интернет е веќе присутен со една третина во Македонија, но наша крајна цел е тој да биде дел од секое домаќинство“ рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
На дебатата се зборуваше на повеќе теми: развој на ИТ, граѓанско новинарство, авторски права, трговија на интернет и развој на мрежи за конкурентност на мали и средни претпријатија. IT.com.mk пишуваше за таа тема, споредувајќи ја со планот на Европската унија.
Повторно хакерски напад
Овој пат нападот е извршен врз системот на Управата за јавни приходи во кој „900 даночни решенија на Управата содржат текстови на македонски јазик со поддршка на грчки јазик. Од УЈП соопштуваат дека се ангажирани сите расположливи средства за расветлување на случајот, како и тоа дека за случајот се информирани сите релевантни надлежни институции и Министерството за внатрешни работи.“ како што пренесува Netpress.
Ова е втор хакерски напад за кратко време, имено хакери го нападнаа Netpress на 17.10.2008.
13.000 .мк домени
Според анализата на Георги Станојевски, еден од авторотите на Кајмакот, постојат 12.773 .mk домени и таа бројка се зголемува за 20% секоја година почнувајќи од 2003.
Овие податоци се земени од Мрежниот информационен центар на Македонската истражувачка мрежа (МАРнет) односно од „јавно достапните податоците за регистрираните домени на ttp://dns.marnet.net.mk/registar.php како и со
проверка на соодветните именските опслужувачи каде се наоѓаат регистрираните домени“.
{mosimage}
Во анализата исто така пишува дека „Над 75% од сите регистрирани домени се терцијарни домени под
секундарниот .com.mk домен.“
{mosimage}
Право за регистрирање на .mk домени, според правилникот на МАРнет, имаат:
- .mk – трговски друштва, државни органи на РМ и
др.; - .org.mk – непрофитабилни организации, странски амбасади, политички
партии и др.; - .com.mk – трговски друштва и др.;
- .gov.mk – државни органи на Република Македонија;
- .net.mk – организациите кои даваат мрежни услуги на трети лица;
- .inf.mk – домени од посебно значење за Република Македонија;
- .name.mк – физички лица, државјани на РМ и странски физички лица со матичен број за странци;






