{mosimage}Додека многу универзитети го забрануваат користењето на BitTorrent клиенти, Стенфорд се реши да го искористи популарниот протокол за лесно и брзо делење на фајлови во своја корист. Првичната примена на овој протокол од страна на Стенфорд беше распространување на бесплатните курсеви од одделот за инжинерство.
Универзитетот бесплатно нуди курсеви спакувани во еден фајл на теми роботика, линеарно динамични системи и програмерски парадигми. Спакуваните архиви содржат видео материјали, распоред на часови, материјал споделен на предавања, домашни задачи и испити и освен на BitTorent, материјалите можат да се пронајдат и на официјалната страна на одделот, на YouTube, iTunes и Vyew.
Целта на овој проект е ширење на глобалното знаење на полето на информатичка технологија ширум целиот свет. А досега, над 200.000 луѓе, особено од Канада, Бразил, Кина и Италија ги имаат преземено овие фајлови кои се објавени под лиценцата Creative Commons која дозволува адаптација, изменување и споделување за некомерцијални цели.
{mosimage}
Со овој начин на распространување на своите едукативни материјали, еден од најпознатите универзитети во светот докажа дека BitTorrent немора да значи и пиратерија и дека живееме во ера во која информациите не треба да ги држиме за себе.
Истовремено, универзитетот ги зајакна мерките за пронаоѓање на студенти кои преку школската мрежа преземаат нелегални и материјали кои нарушуваат авторски права преку BitTorrent програми. Пронајдените студенти кога прв пат ќе бидат опоменати плаќаат казна од 100 долари, вториот пат 500, а третиот 1.000 и се на ризик да бидат пријавени на полицијата.