Францускиот претседател ограбен од сајбер криминалци

во Свет

{mosimage}Дури ни францускиот претседател, Nicolas Sarkozy, не е поштеден од сајбер криминалот, изјавија официјални владини лица на Франција. Засега непознати сајбер криминалци успешно ја хакирале личната сметка на претседателот во една од банките и успеале да украдат мали суми на пари во неколку наврати.

Sarkozy прв ги забележал необичните дејствија на својата банкарска сметка и веднаш ги известил надлежните лица.

Портпаролот на француската влада по објавувањето на приказната во медиумите, потврди дека сајбер крадец или пак крадци успеале да добијат неовластен пристап до личните сметки на претседателот и да украдат засега непрецизирани за јавноста, мали суми на парични средства мислејќи дека со тоа ќе останат незабележани.

Беше изјавено и дека инцидентот дефинитивно не е извршен од страна на аматери туку на професионалци кои знаеле што работат и кои добиле пристап до доверливи информации за личните жиросметки и лозинки на Sarkozy, кој како претседател на Франција добива годишна плата од околу 200.000 фунти годишно, откако платата му беше зголемена за 140% минатата година.

{mosimage}

Државниот секретар за потрошувачкиот пазар на Франција во изјава за националното радио појасни дека во 2008 година е забележан пораст од 9 проценти во сајбер криминални активности над државни банки, споредено со минатата година.

Тој додал и дека сегашниот инцидент со претседателот Sarkozy само го докажува фактот дека системите за е-банкарство не се сигурни и дека се потребни значајни подобрувања во овој сектор.

Во зависност од резултатите на истрагата, постои можност и самата банка да сноси последици, бидејќи секој корисник при отворање на сметка во некоја банка и дозволува пристап до лични податоци, кои таа треба да преземе мерки соодветно да ги заштити.

Информациите за овој инцидент прв ги објави весникот Le Journal du Dimanche.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments