Сајтот DarkMarket откриен дека е стапица од FBI

во Свет

{mosimage}Британската полиција деновиве изведува акција и врши упади во домовите на наводните членови на DarkMarket, веб страница за измами со лични податоци. DarkMarket е всушност поставен од FBI. Тие заедно во соработка со британската Агенција за организиран криминал ја поставуваат стапицата наменета за криминалците кои тргуваат со украдени лични податоци, броеви на кредитни картички и компјутерски кодови наменети за крадење на лични податоци.

Првин еден агент на FBI се инфилтрирал во членството на DarkMarket. Потоа тој успеал да стане администратор на веб страницата која неодамна истиот тој ја затвори, бидејќи страницата била веќе под надзор на властите.

{mosimage}

Полицијата низ целиот свет деновиве ги посетува домовите на членовите кои оставиле траги од нивните активности на веб страницата. Извесен измамник со кредитни картички од Германски банки е веќе уапсен за неговата вмешаност, додека пак полицијата во Велика Британија врши упад на адреси во Лондон, Манчестер, Лестер, Хамберсајд и Јужен Јоркшир. Други истражувања веќе се вршат ширум САД и Турција како и во други земји.

Жртвите на измамниците реагираат дека сајтот требало да биде затворен порано бидејќи FBI практично им овозможил дом на измамниците слободно да тргуваат меѓусебе во период од две години. Серверот на DarkMarket бил сместен во зграда на FBI во Питсбург.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments