0 коментари 2 мин. читање 9 октомври, 2008

Кога шегата станува реалност

{mosimage}Читателите на добро познатиот комичен веб стрип Xkcd.com, како и оние на YouTube, беа видно изненадени кога Google реши да објави функција која претходно беше посочена и исмејувана во хумористичен цртеж на сајтот. Функцијата е аудио преслушување на коментарите од страна на корисникот пред тие да бидат објавени јавно.

Во еден од серијалите на веб стрипот, создавачот на Xkcd.com Randall Munroe, ги исмева многубројните коментари на YouTube кои немаат никаква смисла со објавената содржина и укажува дека доколку луѓето си ги чујат напишаните коментари пред да ги објават, подобро би размислиле. Со ова практично ќе се постигне објавување на поквалитетни коментари кои всушност ќе бидат поврзани со видеото.

Објавениот цртеж со сугерираната опција:
{mosimage}

Опцијата подоцна овозможена во YouTube:
{mosimage}

А се чини и дека успешно работи:
{mosimage}

Xkcd.com постои од 2005 година и објавува хумористични стрипчиња на разновидни теми кои најчесто се однесуваат на математиката и на технологијата. Скоро секој цртеж ги следи последните новости и случувања во светот и ги презентира на свој начин.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top