Microsoft повторно ќе крпи

во Свет

{mosimage}Според предвремените соопштенија кои компанијата ги доставува за да ги припреми системските администратори како и обичните корисници, следниот вторник, односно на 14 Октомври, Microsoft планира да објави 11 нови закрпи за своите продукти, меѓу кои 4 се означени како критично важни.

Позначајните закрпи, оние четири, се однесуваат на Internet Explorer, Microsoft Excel, Active Directory само за Windows 2000 сервер и првата закрпа досега за Host Integration Server (HIS) – продукт кој ги поврзува машините на IBM со Microsoft и AS/400 системите.

Останатите шест, меѓу кои две се со низок статус на важност и една е означена како закрпа со средна вредност, откако ќе се инсталираат ќе ја подобрат функционалноста на оперативниот систем Microsoft Windows.

Закрпите ќе ја подобрат и сигурноста во софтверот на Microsoft и ќе ја оневозможат досегашната употреба и инсталирање на далечински управуван злонамерен код.

Од следниот месец Microsoft ќе започне и предвремено да ги споделува информациите за закрпите кои планира да ги објави со сите заинтересирани компании кои произведуваат софтвер за компјутерска сигурност или во голема мера се зависни од софтверот на Microsoft.

Целта на оваа нова програма која го носи името Microsoft Active Protections Program (MAPP) е да се намали злоупотребата и искористувањето за злонамерни цели на Windows оперативните системи и да се заштитат информациите на компјутерските системи.

Закрпите ќе бидат објавени на 14 Октомври, во 1 часот попладне (македонско време: 7 навечер).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk