0 коментари 1 мин. читање

Како да вметнете Facebook пост на вашиот сајт или блог

Опцијата за вметнување Facebook постови во сајтови и блогови, која беше претставена пред еден месец, сега е достапна за сите корисници. Опцијата функционира како ембедираните YouTube видеа или твитови, само разликата е што Facebook постовите мора да бидат јавни. Еве пример:

За да вметнете пост ќе треба да го ископирате кодот. Embed Post копчето ќе го најдете во паѓачкото мени на секој пост на Facebook.

По ова ќе се отвори мени со код и преглед како ќе изгледа постот. Како што може да се види од прегледот, тој вметнат пост ќе може да биде лајкуван, да се коментира на него и дури да се сподели на Facebook. Ископирајте го кодот, и пастирајте го на вашиот сајт или блог, за да додадете контекст на вашата содржина.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top