MYO лентата за рака е една од технологиите кои се закануваат да го заменат комјутерското глувче. Уредот е креација на Стивен Лаке основачот на Thalmic Labs, а засега постои единствен прототип кој е во фаза на тестирање. Контролерот реагира на движење, а ги детектира електричните импулси во мускулите во подлактицата на корисникот. Врската со компјутерот или таблетот се остварува со Bluetooth 4.0. Верзии за MYO лентата ќе можат да бидат користени на OS X и Windows оперативните системи, a API ќе има и за iOS и Android. Покрај ова веќе има неофицијални најави за Linux.
[youtube]oWu9TFJjHaM[/youtube]
Покрај професионална примена, како на примен презентации или 3Д моделирања, уредот ќе биде интересен и за гејмерите кои се заинтересирани за секој новитет. Во план е уредот од кутија да биде во можност да се користи за поголем број игри, но и софтвер контрола на автомобилчиња или летала како Quadcopter. Креаторите на лентата нема да ограничуваат на кој софтвер ќе може да се користи уредот, но прилагодувањето ќе мора да биде изработено од студијата кои ја изработуваат апликацијата.
MYO Armband веќе има над 25.000 нарачки. Уредот чини 150 долари, а ќе биде достапен на почеток на 2014 година.







