SmartThings, компанија чии главен продукт е „Интернет на нештата“, отвора продавница, но не за да продавала апликации, туку „прекинувачи“ со чија помош ќе може да ги изгасите сијалиците, да го вклучите кафематот или да ги заклучите и одклучите вратите.
Покрај уреди произведени од SmartThings во продавницата ќе се продаваат и уреди од други производители кои се компатибилни со SmartThings. Уредот работи со Bluetooth, Z-Wave и ZigBee бежичните стандарди. Покрај ова компанијата се обидува да ги стандардизира уредите кои се поврзуваат едни со други, со оглед на тоа дека речиси секој производител се конектира единствено со сопствените уреди.
„Во нашите домови, возила и фабрики, опкружени се со минијатурни интелегентни уреди кој собираат податоци за тоа како живееме и што правиме. Сега почнуваат да зборуваат едни со други. Наскоро ќе може да наравиме да одговараат на нашите потреби, да ги решаваат нашите проблеми, па дури и да ни го спасат животот.“, вели The Wired објаснувајќи го следниот голем чекор во технологијата.
Почетниот уред чини помеѓу 200 и 300 долари и покрај SmartThings-центарот ќе доаѓа со повеќе сензори и приклучници. Покрај ова во продавницата може да се најдат сензори за движење, автоматизирано вклучување и гасење на светилките, приклучници за штекери и слично. Покрај ова команијата обезбедува и решенија за целосно покривање на потребите на корисниците.
Стартапот првиот успех го доживеа на Kickstarter во 2012 година кога над 5.000 подржувачи донираа 1,2 милиони долари. Оттогаш се продадени над 50.000 уреди, а уште 20.000 се резервирани.







