0 коментари 1 мин. читање

Instagram: Не користете „Insta“, „IG“ или „Gram“ во вашите апликации

Најпопуларната друштвена мрежа за споделување на фотографии, Instagram, е решена да го зачува својот бренд. Мрежата објави водич со кој на развивачите им наведува што смеат, а што не смеат да користат во своите апликации. Според новите правила, Instagram ги повикува луѓето да бидат креативни и да измислат уникатни имиња за своите апликации, со што забранува користење на „Insta“, „Gram“ и „IG“ како дел од името на апликацијата.

Дополнително, Instagram забрануваат користење на официјалното лого и користење на фонтот кој се користи во официјалната апликација. Наместо нив, дозволено е користење на било кое лого достапно на http://instagram.com/press/ во „Brand Assets“ делот.

Во моментот, тие правила ги нарушуваат неколку апликации како Luxogram, Instagrame, Webstagram,… и истите ќе мора да ги променат имињата во скоро време, инаку би бил блокиран нивниот пристап до сервисите на Instagram.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top