Германија ги препозна биткоините како „приватни пари“ кои треба да се оданочат

Германија е првата земја која ја призна дигиталната валута биткоин како „приватни пари“ за кои треба да важат фискални правила. Министерството за финансии вели дека ќе треба да се плаќа ДДВ за сите комерцијални активност направени со валутата, иако во моментов правилата се нејасни бидејќи, според германските власти, „биткоин не се е-пари, ниту се функционална валута, ниту можат да се сметаат за странска валута“. Тие се „финансиски инструмент“.

Биткоин е децентрализирана виртуалната валута стартува во 2009-та година од непознат програмер кој се нарекува Сатоши Накамото. Дигиталниот токен со кој може да се купуваат работи на интернет или да се заменува во офлајн светот преку електронски уреди, не е поврзан со банките, туку е контролиран и креиран од самите корисници преку компјутер кој извршува комплицирани математички проблеми. Секој од 10-те милион биткоини пуштени во употреба до денес, е всушност уникатен број кој се префрла од дигиталните новчаници на корисниците.

Според германските власти, луѓето кои тргуваат со биткоин во период од една година ќе треба да платат данок на добивка, но, според тамошните закони, луѓето кои ќе ја чуваат валутата подолго од една година ќе немаат таква обврска, и дури ако профитираат од промена на вредноста. Биткоин, како децентрализирана валута, е нестабилен и секој ден ја менува својата вредност. Денес еден биткоин чини околу 118 долари или 5.450 денари. Вчера вредноста беше околу 103 долари.

Иако валутата може да се следи – трансакциите се јавни на мрежата – сепак новчаниците се целосно анонимни, односно не може да се открие нивниот корисник. Анонимноста е проблем за властите да наплатат данок, но и алатка со која може да се прават нелегални трансакции и перење на пари.

[youtube]Um63OQz3bjo[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments