1 коментар 1 мин. читање

ИТ настан: Интернационален дизајн натпревар на Tиквеш

Во склоп на Skopje Design Week, винаријата Тиквеш организира интернационален дизајн натпревар за нова етикета на белото вино Chardonnay. На натпреварот се поканети сите ентузијасти, графички и индустриски дизајнери, уметници и сите други креативци кои ќе одговорат на предизвикот.

Рокот на доставување на дизајнерско решение е до 15-ти септември. Наградата е 500 евра, но тоа што е поважно е што делото ќе биде претставено на регионалната изложба на Тиквеш во 2014-та година. Тиквеш произведува над 30.000 chardonnay вина годишно, а победничкиот дизајн ќе биде применет на вината произведени во 2014-та и 2015-та година. Победничкиот дизајн ќе биде претставен на Skopje Design Week на 6-ти октомври.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top