Илон Маск го објави дизајнот на футуристичкиот и супербрз јавен превоз Hyperloop

во Свет

Oсновачот на Tesla Motors, SpaceX и PayPal, Илон Маск, го објави дизајнот на Hyperloop, новиот супербрз транзитен систем. За почеток Hyperloop ќе ги поврзува Лос Анѓелес и Сан Франциско, а не е исклучена можноста доколку проектот се докаже како профитабилен, првата локација која ќе биде додадена да биде Лас Вегас. Оваа дестинација не е случаен избор бидејќи Hyperloop е пред се креиран за растојанија над 900 километри. Првиот прототип на возилото може да биде завршен за 3 до 4 години, но Tesla Motors нема во скоро време да го започне проектот, вели г. Маск за The Verge.

Според најавата Hyperloop ќе се движи со брзини од 480 до 1.280 километри на час, а неговата изградба ќе чини помеѓу 6 и 10 милијарди долари. За споредба, новиот патнички авион Airbus A350 XWB се движи со брзина околу 0,85-0,89 маха, која иако варира од притисокот и температурата изнесува околу 1.000 километри на час. Засега е нејасно како г. Маск планира да ја достигне оваа брзина, со оглед на тоа дека триењето и отпорот на воздухот го ограничуваат движењето. Решение за триењето, барем вообичаено е магнетна левитација, а единствено досега понудено решение за отпорот на воздухот е движење во вакуум или тунели под низок притисок, решение кое изгледа е изборот во овој проект.

Еве дел од предностите, според г. Маск, кои Hyperloop ги има пред традиционалната конкуренција:

  • поголема безбедност;
  • побрз;
  • поевтин;
  • поудобен;
  • отпорен на временски услови;
  • отпорен на земјотреси;
  • во најголем дел ја креира енергијата која ја побарува;
  • не e интрузивен за возачите на автопатот.

Пругата по која ќе се движи Hyperloop ќе биде поставена на столбови кои ќе бидат на растојание од стотина метри. Oва ќе го направи поставувањето на Hyperloop далеку поедноставно бидејќи ќе може едноставно да ги следи автопатот. Креирањето на првиот Hyperloop е оставено на сите заинтересирани. Компаниите на г. Мaск засега не најавуваат свои линии, а според првата најава заинтересираните можат да ги користат плановите бесплатно.

Целиот документ можете да го преземете или разгледате тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments