Новиот Google Play за веб сега изгледа како да сте го отвориле од мобилен телефон. Google ја редизајнираше веб продавницата да им даде единствен изглед на двете верзии, но и да го поедностави користењето и наоѓањето на нови апликации. Покрај повеќе информации кои ја објаснуваат апликацијата, на веб ќе најдете и поголеми слики за апликацијата. Може да се види дека информациите сега го заземаат целиот простор на страната за полесно и подетално прегледување. Од десната страна се додадени другите категории, како филмови и музика, за полесно наоѓање на содржини, но, за жал, македонските Android корисници имаат пристап само до продавницата за мобилни апликации.
Заедница
Изглед
