0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Нотификациите од вашиот Android на десктоп

Голем дел од времето го поминуваме работејќи на нашите компјутери, а од околината постојано слушаме различни звуци од различни известувања кои доаѓаат од уредите со кои располагаме. За да избегнеме вртење наоколу и читање на сите известувања од мобилните уреди, добро е кога сите тие известувања би можеле да ги видиме на екранот на кој работиме.

Едно од решенијата е Desktop Notifications за Android со чија помош ќе можете да ги добиете известувањата на големиот екран. Сѐ што треба да направите е да ја инсталирате апликацијата на вашиот Android уред, додека на компјутерот е потребно да инсталирате некоја од екстензиите за Chrome и/или Firefox. Откако ќе го сторите тоа, потребно е само да ги поврзете мобилниот уред и прелистувачот, и тоа е тоа.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top