Интернет вели дека Microsoft работи на паметен часовник од транспарентен алуминиум

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

По шпекулациите дека Apple и Google работат на паметен часовник, сега излегуваат информации и дека софтверскиот гигант од Сиетл работи на сличен уред, вели Verge. Иако оригиналнo замислен како кардиo монитор, Joule по се изгледа ќе ги надрасне првичните апетити на Xbox тимот кој го изработи додатокот за конзолата.

Гласините се разгорија по вестите дека Microsoft тестира уред со Surface конектор, и откако се дозна дека компанијата порачала 1,5-инчни дисплеи. Часовниците е можно да доѓаат и со ремчиња кои може да се менуваат, но сепак најинтересно е предвидувањето на Among Tech кој вели дека Microsoft експериментира со транспарентен алуминиум во кој ќе биде скриен часовникот. За разлика од Google Glass, и наводно Apple iWatch, часовникот на Microsoft нема да треба да се поврзува со паметен телефон, туку ќе има поддршка за 3G и 4G/LTE.

Ова не е прв обид на Microsoft да претстави паметен часовник. Во 2004 година брендот SPOТ користеше FM радио сигнали за прикажување временска прогноза, вести и информации од берзата. Уредите беа укинати во 2008 година, но новите шпекулации можеби покажуваат дека Microsoft се подготвува повторно да влезе на овој пазар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk