0 коментари 1 мин. читање

Google го претстави новиот Gmail, наскоро достапен кај сите

Google вчера и официјално го претстави новиот дизајн на Gmail кој на корисниците треба да им понуди целосна контрола, односно организација, на мејловите што корисниците ги добиваат во своите сандачиња.

Што се однесува до промените, тука е новата можност за прегледување и групирање на мејловите во категории кои сега се прикажуваат како табови на врвот од листата на мејлови. Покрај примарниот таб, Google вашите мејлови ги распоредува и по Social (од пријателите што ги имате на Google+), Promotions и Google Updates. Секако, самите корисници може да создаваат нови категории и да ги уредуваат веќе постоечките.

Исто така, редизајн добија и веб верзијата за Android и iOS апликацијата, па така истите поставувања од веб ќе можете да ги почувствувате и на мобилните платформи. Инаку, категориите во кои ќе можете да ги организирате мејловите се ограничени на пет.

За корисниците на кои нема да им се допаднат табовите, во секое време може да се вратат на класичниот преглед на мејловите.

[youtube]CFf7dlewJus[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top