Инсталерoт за драјвери нa Intel сега е достапен и за Ubuntu 13.04

Intel ја објави новата верзија на својот Graphics Installer за Linux кој сега е достапен и за Ubuntu 13.04. За тие што не се запознаени, ова е прилично нова алатка која Intel ја имаат развиено за да овозможи полесно инсталирање на своите хардверски драјвери на GNU/Linux дистрибуциите, односно на Ubuntu и Fedora.

Инсталерот ги вклучува датотеките од објавата 2013Q1, а поддржува Haswell, OpenGL ES 3.0 и голем дел од новите OpenGL екстензии. Покрај тоа, со новата верзија повеќе не е поддржано Ubuntu 12.04. Овој инсталер кој го развиваат од технолошкиот центар за отворен код во Intel, ги надградува само драјверите кои се постари од последниот квартал или не се вклучени во самата дистрибуција.

Intel Linux Graphics Installer-от може да се преземете од овде, а од Intel препорачуваат внимателно да ги прочитате забелешките на страницата за преземање. Исто така, доколку имате прашања, на располагање ви е форумот за поддршка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments