По Samsung, и HTC ќе претстави модел од својот најдобар телефон кој ќе работи на оргинален stock Android оперативен систем. HTC One ќе биде достапен на Google Play, а телефонот ќе доаѓа со чист Android, не променет од HTC, за да понуди Nexus корисничко искуство.
Телефонот е со 32 GB слободен простор и LTE подршка, и ќе биде идентичен на стандардниот HTC One. Најголема предност е што како и за сите останати Nexus производи за надградбата на софтверот ќе биде задолжен Google. Софтверот на HTC ќе остане на телефонот, но ќе биде адаптиран за работа во Android.
Потегот на HTC доаѓа веднаш по сличната определба на Samsung, кој истотака го отстрани Samsung софтерот од Galaxy S4 за да им понуди Android на корисниците. Останува да видиме дали некој од останатите производители ќе обезбеди соработка со Google за следната генерација на Nexus уреди или пак ова ќе биде понатамошната пракса. Интересно и двата уреди ќе бидат достапни во Google Play на иста дата, 26 јуни. Засега телефонот ќе биде достапен единствено во САД по цена од 599 долари.