0 коментари 1 мин. читање 6 јануари, 2010

HD видео разговори со Skype преку телевизор

{mosimage} Skype најави дека во средината на 2010 година ќе можeте да разговарате со пријателите од дневната соба. За да oвозможи HD видео повици преку телевизор Skype соработува со LG и Panasonic кои ќе продаваат телевизори со интегриран Skype. Двата производители ќе продаваат и веб камери кои ќе бидат закачени на телевизорот.

Skype најави дека со новата верзија на популарното VoIP програмче за комуникација ќе може да се гледа 720p видео со висока дефиниција(HD) на 1280×720 резолуција.

„Со HD-квалитетни Skype видео повици, ние ќе ги приближиме корисниците уште поблиски до нивните блиски преку уште побогато, позначајно видео. Замислете да можете да го бидите блесокот во окотот на вашето внуче или од вереничкиот прстен на вашата пријателка.“ вели Џош Силверман, директорот на Skype.

Повеќе информации за видео повици преку телевизор на сајтот на Skype.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top