0 коментари 2 мин. читање 30 април, 2013

Twitter тестира својата апликација за Google Glass

Изгледа дека во иднина ќе можеме да твитаме и само нашите очи, само прашање на време е кога од Twitter ќе ја објават својата апликација за Google Glass. Според TechCrunch, изгледа дека корисникот со име Shivster Muddler својата последна фотографија ја има(ше) објавено преку наочарите на гигантот Google.

Сепак, корисникот за брзо беше избришан, но сепак неговиот твит не остана незабележан од останатите корисници. Исто така, сѐ повеќе и повеќе фотографии се објавуваат на хаштагот #throughglass.

Од компанијата сѐ уште немаат официјален коментар за ова, но ќе биде интересно да видиме какво ќе биде Twitter искуството преку Google Glass, и како ќе оди сето тоа објавување на пораки. Исто така, се очекува голем број на компании како Twitter и Facebook во блиска иднина да претстават сопствени апликации и на корисниците да им понудат сосема ново корисничко искуство.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top