1 коментар 2 мин. читање 7 мај, 2013

Нема веќе Creative Suite пакети, Аdobe се префрла на Creative Cloud

Нема да има Creative Suite 7. Adobe вели дека по 10-те години од првото стартување на софтверскиот пакет во кој се спакувани Photoshop, Dreamweaver, Acrobat и др., време е да се префрли пакетот на облакот.

Creative Cloud е веб сервис преку кој за 50 долари месечна претплата ќе имате пристап до ребрендираните Photoshop CC, inDesign CC, Illustrator CC, Dreamweaver CC и Premiere Pro CC. Сервисот кој беше стартуван пред една година покрај пристап до софтверот, нуди и можности за онлајн колаборација, споделување дела со заедницата на Behance, и други стандардни функционалности на облакот. Aко пак сакате да користите само една апликација, тоа ќе ве чини околу 20 долари месечно. За корисниците кои имаат купено CS3 или понов пакет ќе можат да добијат пристап за 30 долари месечно. Тимовите ќе можат да плаќаат 70 долари месечно по корисник. Студентите пак ќе имаат пристап до целосните верзии за само 20 долари месечно.

Се на се, овие претплати се поевтини отколку да се купи софтверот. За Adobe претплатите ќе бидат одличен извор на приходи бидејќи корисниците нема да мора да го надоградуваат софтверот секоја година како што тоа го правеа до сега, туку ќе имаат пристап до најновите верзии. Дополнително, ова би требало да ја реши и пиратеријата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Dejan
Dejan
13 years ago

Хехе, си го бараат Адоби стапот со сила и ќе си го добијат.

Интернет облакот нуди 0 (НУЛА) приватност, па од тука само лакомите по пари и само будалите ќе го користат, а јас не спаѓам ниту меѓу првите, ниту меѓу вторите, па затоа Адоби нека заборават на мене како корисник на нивниот (анти)креативен Интернет облак.

Мени
Заедница
Изглед
To top