SpaceX ќе започне со пообемни тестови со Starlink

во Вести

SpaceX има доволно Starlink сателити во орбита за да започне со првите обемни тестови за широкопојасен интернет. Единствено потребно е да се остави доволно време овие сателити да ја пронајдат потребната локација.

Овие сателити би можеле за околу 135 дена да бидат на својата положба и првите тестови на Space X интернет се очекуваат по 18 февруари. Без овие сателити тестовите би започнале и порано.

Првични тестови се веќе започнати, и резултатите се ветувачки. Учесниците во тестовите забележале брзини помеѓу 11 и 60 Mbps и брзина при качување помеѓу 5 и 18 Mbps. Доцнењето е помеѓу 20 и 94 ms. Зоната на тестови е во државата Вашингтон, а мрежата на Starlink сателити им помага и на пожарникарите во оваа оваа држава кога гасат пожари на непристапни локации.

Според најавата од Twitter постот на Елон Маск штом сателитите стасаат на посакуваната дестинација ќе бидат подготвени за прилично голем бета тест. Тестот ќе ги опфати САД и делови на Канада. Space X можеби е подготвен и за пошироки тестови, но се чека на добивање на дозвола од регулаторните тела.

По лансирањето на последните 60 сателити, Space X во орбита има над 700 сателити, потсети Ars Technica.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments