0 коментари 3 мин. читање 8 март, 2013

Брајан Фарго собра 2 милиони долари од KickStarter за својата нова игра

Пред точно една година Брајан Фарго и inXile entertainment побараа 900.000 долари од фановите на играта Wasteland за да го изработат нејзиното продолжение. Фановите одговорија и донираа 2,9 милиони долари, што го охрабрија познатиот дизајнер на игри повторно да побара помош преку Kickstarter.

Г. Фарго овојпат побара краудфондинг помош за римејк на уште една легендарна игра Planescape:Torment. Играта е неколку пати е прогласена за најдобра RPG, а фановите секојпат ги фалат сторијата, дијалогот, но и неверојатната атмосфера и локациите. Во овој проект ќе може да се префрлат сите дизајнери од Wasteland 2 кои веќе ја завршиле својата работа таму, наместо да бидат отпуштени како што е тоа пракса во поголемите студија, тие веднаш ќе ја започнат работата на новата игра.

[youtube]R9hQWqtxXPU[/youtube]

Неверојатно г. Фарго повторно доби огромна поддршка од заедницата. Проектот преку Kickstarter собра над 2 милиони долари, што е двојно повеќе од побараната сума од 900.000 долари. До финализација на проектот остануваат уште триесетина дена. Довербата во inXile ја покажаа над 37.000 донатори, а секое ново скалило ќе бидат отклучени нови содржини. Интересно е и што за секоја надмината сума точно е напишано што ќе биде остварено. Ова не е изненадување, но наведувањето на имињата на ново ангажираните девелопери секако е.

[youtube]GPS76ikle_g[/youtube]

Ваквиот успех на Бриајан Фарго го поставува прашањето дали е можно во иднина дел од етаблираните студија кои развиваат видео игри целосно да се финансираат преку „crowdfunding“, а со тоа и целосно да ги прескокнат издавачите. Тешко е веројатно дека новите инди игри би можеле да се финансираат на овој начин, но не постои причина ова да не се оствари за веќе познатите студија и развивачи кои се познати по некои свои наслови. Засега на г.Фарго му оди со Kickstarter проектите, доколку успее да го изведе истиот потфат со игра која нема да биде следбеник на легендарен наслов, „crowdfunding“ и официјaлно ќе биде остварлив избор за финанирање на игрите.

[youtube]mgqX82-HRYE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top