1 коментар 1 мин. читање

Google Maps се шират на Балканот – Street View доаѓа во Бугарија, а Загреб доби Live Traffic

Google го рашири Street View проектот и Бугарија, па отсега ќе можете да ги разгледувате Софија или Варна додека се подготвувате да ги посетите овие градови. Google во најавата извести и дека во соработка со Yandex се додадени панорамски фотографии на 200 градови и локации од Русија, помеѓу кои и организаторот на Зимските илимписки игри Сочи. Команијата додаде и нови локации од Британија, поточно од крајбрежјето на Шкотска и Јужен Велс.

Речиси истовремено Google Maps додаде Live Traffic приказ за главниот град на Хрватска. Загреб е прв град од регионот во кои ќе биде достапна оваа услуга. Live Traffic овозможува да стигнете најбрзо до посакуваната локација бележејќи го сообраќајот со зелена (брзо),жолта или црвена боја (бавно) и црна боја за улиците во кои има целосен застој. Објавата дојде на Twitter, а Хрватска и Загреб се додадени заедно со 3 други држави и 53 градови од целиот свет.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top