Гејминг платформата Twitch oд Justin.tv до Prime Gaming

во Вести

Image courtesy of Amazon

Претплатата за омиленото место за гејминг видеа и подкасти Twitch, сега e со ново име Prime Gaming. Со ова и оваа платформа го следи моделот на телевизијата Prime Video и библиотеката Prime Reading. Веста за ребрендирањето протече неодамна, а сега доаѓа официјално и од Amazon.

Ако стравувате дека следат и некои посуштински промени, барем засега нема причина од ова. Платформата продолжува да функционира како и досега, досегашните претплатници на Twitch Prime и натаму ќе можат да ја користат претплатата да се претплатат на некој стример. Со таа разлика што сега ќе има и повеќе претплатници. Причината за ова е што платформата ќе добие можност за преплати и од сите Amazon Prime претплатници.

Добра вест за сите претплатници е дека праксата за уникатна содржина ќе продолжи, а најавени се одлични наслови. Grand Theft Auto Online, Red Dead Online, Apex Legends, FIFA 20, League of Legends ќе имаат ексклузивна содржина, а претплатниците ќе добиваат и бесплатни игри секој месец кои ќе ги задржат засекогаш.

Justin.tv

Долго пред Twitch да стане Prime Gaming, пред повеќе од 10 години гејминг платформата започна под името Justin.tv. Во 2013 Џастин Кан, Емет Шир, Мајкл Сибел и Кај Вогт креираа веб страница која на сите им овозможуваше да споделуваат видеа во живо. Официјално веб страницата започна со работа на 19 март 2007. Потенцијалот на стартапот набрзина беше препознаен и Пол Грам од Y-Combinator кој беше првиот инвеститор.

Пред да почне гејминг стримингот Justin.tv имаше поинаква содржина. Основачот Џастин Кан на еден канал го стримаше своето секојдневие. Камерата беше вклучена постојано и секој можеше кога сака да се приклучи, а исклучок беа паузи за тоалет и капење.

гејминг Twitch justin.tv

Дури и првите содржина на каналот беа слични на ова. Различни корисници споделуваа различни работи. Од патувања низ различни градови, до едноставно седење пред компјутер. За помалку од една година Justin TV доби над 30 000 канали.

Во 2011 основачите на компанијата одлучија дека е дојдено време за нов тип на содржина. Содржината и каналите кои беа гејминг се одделија и ги ребрендираа во TwitchTV. На 6 јуни 2011 компанијата започна со работа во бета.

Twitch

Шест години од основањето Twitch имаше над 45 милиони гледачи. Популарноста и типот на содржина во овој период ја качија платформата на четврто место по сообраќајот.

Во овој период 2013 година Twitch растеше супер брзо. Една, можеби и главна причина беше падот на најголемиот конкурент на Twitch. Own3d.TV прекина да работи и Twitch стана монопол, или речиси монопол. Зголемениот број на нови корисници значеа и нови слатки маки. Компанијата во еден момент во поради огромниот сообраќај имаше пад на квалитетот на стримовите во Европа.

Една година подоцна во 2014 основачите сфатија дека Twitch сега е поголем од JustinTV и ја ребрендираа компанијата мајка од Justin TV во Twitch Interactive.

Токму оваа година големи компании се заинтересираа за купување на стрим платформата.

Amazon го купува Twitch

На средината на 2014 два гиганти се заинтересираа за Twitch. Google сакаше да го направи YouTube гејминг центар и подолг период се сомневавме дека YouTube ќе стане новиот дом на Twitch. Google дури понуди 1 милијарда долари, но на изненадување на сите стрим платформата заврши во Amazon. Официјалната причината поради која Google се откажа од купувањето на платформата е стравот од регулација.

Amazon во август 2014 објави дека ја за 970 милиони долари се нови сопственици на Twitch. Колкаво беше значењето на купувањето говори и што самиот Џеф Безос го потврди договорот.

„Споделувањето и гледањето на видео игри е глобален феномен, а Twitch изгради платформа која обединува десетици милиони, кои гледаат милијарди минути видеоигри секој месец. Се радуваме на можноста да научиме од нив и можноста да им помогнеме побрзо да креираат нови услуги за гејмерската заедница“, вели Џеф Безос.

Во овој период Twitch имаше над 55 милиони месечни корисници и инвестиции од 35 милиони долари, но најголем дел од експертите се сомневаа дека компанијата вреди 1 милијарда.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Стефан
Стефан
5 years ago

Значи, малку критика да дадам ако може.

Не разбирам како насловот вие „Twitch oд Justin.tv до Prime Gaming“, што буквално посочува дека Twitch се преименува во Prime Gaming, всушност се подразбира за Twitch Prime до Prime Gaming. Барам повеќе внимание кон вакво нешто особено што мислам сте модерен портал кон ИТ и све поврзано да се срамите вака. Благодарам за вниманието :D.