0 коментари 1 мин. читање

Гејминг викенд со Македонската еспорт асоцијација

Македонската еспорт асоцијација нè повикува на нов онлајн настан – гејминг викенд. Претстојниов викенд Македонската еспорт асоцијација организира натпреварувања во три игри. Учесниците ќе се натпреваруваат во:

  • популарната Dota 2 со натпреварување 1 против 1 (сабота – 15.08);
  • мобилната игра и интернационална сензација Clash Royale (недела – 16.08) и
  • турнир во шах (понеделник – 17.08), кој со помош на интернетот во последниот период повторно се враќа со огромна популарност.
гејминг викенд

Натпревари и овој гејминг викенд ќе се одржат онлајн со цел помагање во борбата против нашата нова реалност, пандемијата Ковид-19. Сите натпревари помеѓу играчите ќе бидат пренесени во живо на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports

„Сите заинтересирани заедно да ги проследиме овие турнири кои се дел од Gaming Weekend, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите“, велат од МеСА.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top