Во иднина екраните на телефоните ќе бидат поотпорни на гребаници

во Вести

Веќе десетина години Corning ги чува екраните телефони на корисниците од кршење и гребаници. Компанијата на околу две години ја надградува заштитата.

Следната генерација Gorilla Glass Victus ќе биде со подеднаков фокус на заштитата од кршење и од гребаници. Gorilla Glass 6 е издржлив кога се во прашање падовите, но и гребењето сепак, следната генерација на стакло ќе биде два пати поиздржливо кога гребаниците се во прашање, вели Wired.

Главната или барем една од причините за промената на фокусот е забавениот развој во секторот. Поради ова корисниците подолго ги чуваат своите телефони, па гребаниците стануваат поголем проблем. Еден од предизвиците кои се пред Corning е пронаоѓање на вистинскиот однос на материјали за изработка на стакло. Хемикалиите кои се користат за заштита од кршење често не се соодветни за заштита од гребење.

Новото Victus стакло нема да биде надградба на претходен модел, туку е нов почеток. Процесот започнува од силициум диоксид, но понатаму нема никакви правила. Истражувачите користат различни елементи прават компјутерски симулации да го откријат најдобриот материјал. Истражувачите се фокусираат на отстранување на опасноста од длабоки гребаници кои предизвикуваат екранот да биде и поотпорен на кршење од паѓање. Главната причина за ова е што здравото стакло потешко ќе се искрши и при пад.

Victus не е на ниту еден телефон во моментов, но очекувањата се дека следната генерација на телефони, пред се поскапите модели, ќе бидат со оваа заштита.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk